Поврзете се со нас

Европски првенства

Червар за новата реалност на Хрватска: Сите го пцуеја селекторот Хорват, но….

Објавено

на

Поразот од Данска значеше дека Хрватска останува без математички шанси за второто место во групата и пласман во полуфиналето на Европското првенство, па реалноста во овој момент вели дека „каубоите“ се далеку од борбата за медали во ситуација кога има реконструкција и подмладување на тимот.

Хрвоје Хорват наиде на многу критики во јавноста во изминатиот период поради тоа што Хрватска важи за навистина голема ракометна велесила, но легендарниот Лино Черва сега застана во негова одбрана и нагласи дека ова е патот кој треба да го изоди тимот кој тој до неодамна го водеше.

Хрватска понуди борба против Данска и гордо загуби со 27:25, а токму овој пораз беше причина за позитивен коментар од страна на Червар кој го исткана и името на ракометарот на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш.

– Пристапот кој го имавме против Данска и Србија треба да бидат патоказ за тоа како би играле во иднина. Тоа е показател каква треба да биде нашата ракометна стратегија. Имаше многу полемики околу овој состав на Хрватска, но сега гледаме дека можеме рамноправно да се носиме и со најсилните. Данска беше дури и зрела за пораз, но неискуството и лошата среќа го сврте мечот кај нив. Не чека иднина со подеми и падови, но тоа е вистинскиот пат.

– Треба да им се даде сериозна шанса на младите, мораме да прекинеме да се сомневаме во младите. Треба да се има мадиња за тоа што го прави селекторот Хорват, им даде одговорност на млади играчи. Кој би рекол дека младиот Мараш ќе одигра онака како што одигра и дека ќе даде неколку голови? Буквално никој. Најверојатно сите го пцуеја Хорват кога го внесе во игра, но тој Мараш требал да биде и порано во селекцијата. Знам како е да се биде селектор, мене ми бараа влакно во јајцето дури и кога освојував медали, верувајте, ова е единствениот начин да имаме силна селекција и во иднина. Оваа наша млада репрезентација до крајот одржуваше неизвесност со репрезентација која беше најдобра на последните две светски првенства, – анализира Червар за „Индекс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни