Червар во свој стил: Македонија нема никаква корист од Вардар, го прашав Груевски дали ги сакаат своите деца…

lino cervar

Хрватскиот стратег Лино Червар се соочува со големи проблеми составувајќи го тимот со кој ќе оди на Европското првенство кое ќе се одржи во јануари.

Популарниот „Маг од Умаг“ во опширно интервју за хрватските медиуми даде свое видување за состојбите во хрватскиот ракомет, а притоа направи паралела со состојбите кај нас.

Червар голем дел од кариерата помина во Скопје, тренирајќи го Металург со кој направи одлични успеси во Европа, но не успеа да го стигне успехот кој го имаше Вардар кој два пати се искачи на тронот во Лигата на шампионите.

– Јас останав без 25 играчи во Македонија поради штрајк. Газдата ми рече дека мора да останам само за да покажеме дека можеме напред со деца. Заминавме во Кил со Кузмановски, Талески и Нелоски кои вистина беа деца. Дадовме три гола во едно полувреме, но добивме аплауз за храброст, а тие играчи за две години го победија Вардаркој година подоцна беше европски шампион. Но, работев и по шест часа дневно. И на тоа сум најмногу горд. Го прашав премиерот Груевски, дали ги сакаат своите деца, зошто видов дека Вардар за нив е мед и млеко, а другите ништо. Не го прифатив тоа. Се согласувам со констатацијата дека некој не знае, но треба да се работи, а тоа ни фали. Вардар е прв во Европа, па Македонија од тоа нема никаква корист, а тоа и самиот Лазаров го кажа неодамна, -заклучи Червар.

Facebook Коментари