Европски првенства
Червар: Рускиот богаташ купи се што можеше, но на македонскиот ракомет му остави една голема нула

Лино Червар со внимание ги следи случувањата на Европското ракометно првенство и пред се настапите на Хрватска, но во својата анализа за „Индекс“ остави мал простор и за македонската репрезентација која на отварањето загуби по голема борба од Словенија.
Искусниот стратег се врати назад во времето и го посочи Вардар како лош проект, проект кој не донел ништо добро кога е во прашање репрезентацијата и покрај големите успеси на клупски план.
-Македонците беа на чекор до сензација, знаето зошто сензација? Затоа што играат против тим составен од фантастични интернационалци играа со играчи од втора, трета лига. Почнаа натпревар со момци кои никогаш не играле толку важен натпревар, а до самиот крај ја држеа в раце Словенија. Тоа е единствениот исправен пат. Така се работи.
-Додека бев во Македонија, постоеја две струи. Мојата беше да се потпреме на деца, на наши клинци од кои ќе формираме играчи и луѓе. И постоеше страната на Вардар. Дојде богат човек од Русија (Сергеј Самсоненко), купи се што можеше и ја освои Лигата на шампионите. Ама што му остави на македонскиот ракомет? Ништо, една голема нула. Таква стратегија може да донесе краткорочно задоволство, но тука нема никаква иднина, -истакна Лино кој долго време беше во Македонија, а одреден период и ја водеше репрезентацијата.
-
Македонијапред 18 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 16 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 23 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 6 часа
Интер не се откажува од Перишиќ: Ќе ја донесеме најдобрата одлука, сакаме да остане со нас
-
Македонијапред 17 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 7 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)
-
НБАпред 7 часа
Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)