Поврзете се со нас

Светски првенства

Червар по вториот меч на Хрватите: Никогаш да не се повтори вакво првенство

Објавено

на

По стартното разочарување против Јапонија, Хрватите денеска доста време се мачеа и со селекцијата на Ангола, африканската репрезентација која во првото полувреме навистина доста им ги помати сметките на фаворизираните „каубои“.

Хрватите заминаа на пауза само со еден гол предност (12:11), но сепак во второто полувреме конечно одиграа 30 минути какви што се очекува од нив, па на крајот остварија прва победа на исклучително чудниот мундијал кој се игра во Египет.

Избраниците на Лино Червар го добија вториот дел со 16:9 и на крајот славеа со 28:20, победа по која селекторот на Хрватска побара од медиумите да немаат преголеми очекувања од овој турнир кој во најмала рака не понуди идентични услови за сите селекции учеснички.

– Не треба премногу да славиме, имавме добри моменти денеска, едноставно покажавме повеќе желба од претходниот пат со Јапонија. За жал, на ова Светскот првенство постојат два типа на репрезентации. Оние кои беа во изолација и оние кои тренираа цело време. Затоа, ние имавме многу проблеми со припремите, не сме максимално подготвени. Погледнете, Русите и Словенците летаат на теренот бидејќи играа во своите првенства, а ние не игравме. Се надевам дека никогаш нема да се повтори вакво првенство, – порача Лино во изјава за домашните медиуми, а во продолжение напомена дека некои селекции како Македонија дознале дека патуваат за Каиро на два дена пред мундијалот.

– Натпреварот со Катар кој следи ќе биде доста тежок. Вистинската Хрватска ја видовме во Стокхолм и во Австрија, ова тука е ништо. ИХФ направи голема работа што собра 32 селекции и испрати добра порака дека треба да се оди напред, но како сакате тука да има квалитет кога некои селекции на два дена пред турнирот дознаа дека треба да одат за Каиро. Некои репрезентации бараа авионски билети на 20 часа пред првенството. Вистинскиот квалитет ќе го видиме на Олимписките игри во Токио, – заврши Червар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни