Поврзете се со нас

Светски првенства

Червар по елиминацијата на Хрватска: Жалам само за една работа

Објавено

на

Хрватска го заврши настапот на Светското ракометно првенство во Египет и не успеа да обезбеди четвртфинале, а ова веројатно беше и последниот натпревар на кој оваа селекција беше под водство на Лино Червар.

Искусниот стручњак ја разочара хрватската јавност со поднесената оставка уште по претходниот пораз од Аргентина, па тој негов потег донесе само дополнителни негативни коментар за „каубојите“ кои вечерва загубија и од Данска.

– Не би рекол дека ова е неуспех, туку повеќе е реална ситуација.

– Во првиот дел се држевме, не игравме најдобро во одбрана, но одржувавме неизвесност, а потоа немавме сили за нешто повеќе.

– Единствено за што жалам во моментов е што можеби избрзав со изјавата за повлекувањето, инаку резултатот на ова СП нема да го сметам како личен неуспех, – истакнал Червар, апострофирајќи ја повредата на Циндриќ, како и неподготвеноста на Дувњак и Карачиќ да одиграат максимално на овој мундијал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни