Поврзете се со нас

Европски првенства

Червар: Некоректно е да се бара од Лазаров да ја мине групата со Франција и Германија

Објавено

на

Лино Червар во долго интервју за „Лоб Спорт“ направи најава за сето она што ќе следи на ракометното Европско првенство, но излезе и со свои прогнози за судбината која ги чека селекциите од овие простори.

Червар со години работеше и соработуваше со членови кои се дел од актуелните репрезентации од Балканот, па во анализата на поранешниот македонски селектор се најде и четата на Кирил Лазаров.

Лино самиот се увери колку е тешко да се води македонскиот тим и како големите амбиции можат брзо да предзивикаат негативни реакции, па затоа смета дека не треба да се избрзува со тимот на Кире кој се уште е во транзициски период.

Македонија се најде во исклучително тешката А група на континенталниот собир, па покрај дуелите со гигантите Франција и Германија, во третото коло ќе игра против Швајцарија.

– На Македонија ќе и биде многу тешко со Франција и Германија, ќе биде некоректно да се бара од Кирил Лазаров да ја мине групата. Евентуално, Македонија може да ја победи Швајцарија. Кај нив може некои ќе вели дека се може и повеќе, но тоа е како некој да ви раскажува приказни, – вели Червар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни