Червар не трпи недисциплина: Еден од најдобрите хрватски бекови отстранет од националниот тим

lino

Подмладената Хрватска на Лино Червар конечно успеа да ја прекине лошата серија во дуелите со Шведска, откако денеска славеше на вториот од двата одиграни пријателски натпревари со оваа селекција.

Хрватите триумфирале во Норчепинг со 29:28, но она што го привлече вниманието на ракометната јавност е фактот што Стипе Мандалиниќ го следел натпреварот од трибина. Причина е дисциплинската мерка на селекторот Червар кој не бил задоволен од однесувањето на одличниот бек на клупата за време на првата средба.

– Во пресрет на вториот натпревар против Шведска, Червар и стручниот штаб донесоа одлука да не сметаат на Мандалиниќ за овој дуел. Хрватскиот селектор го испрати бекот на Фуксе Берлин на трибините поради непримерното однесување на клупа за време на првиот дуел против овој противник, – потврдиле од Хрватскиот ракометен сојуз.

Медиумите одбележуваат дека Червар очигледно одамна не е задоволен од однесувањето на Мандалиниќ, бидејќи и покрај неговата одлична форма, тој имаше минимална минутажа на последното ЕП кое се одржуваше во Хрватска.

Facebook Коментари