Червар направи неочекувана замена во хрватскиот состав

lino-kolena

Хрватска има максимален учинок по првите две кола во својата група на Европското ракометно првенство, но селекторот Лино Червар уште по првото коло имаше непосакуван проблем со повредата на Домагој Дувњак.

Но, очигледно дека тоа не е единствениот проблем за хрватскиот селектор, откако медиумите пренесоа за замената која ја направил Червар во пресрет на утрешниот дуел со Шведска.

По вечерниот тренинг, Хрватскиот сојуз потврдил дека во составот нема да биде голманот Мирко Алиловиќ кој и порано имаше проблеми во националниот тим, но беше вратен токму од Червар. Сојузот ја објаснува промената како „тактичка“, а Алиловиќ ќе биде заменет со Иван Пешиќ. Иако статистички, Алиловиќ не се прослави во досегашниот дел на ЕП, неговото искуство може да реши натпревар, па затоа и медиумите се малку изненадени од потегот на селекторот.

Facebook Коментари