Поврзете се со нас

Свет

Червар излезе со чуден став откако го прашаа кој е најдобар ракометар: Меси е губитник, не е како Роналдо!

Објавено

на

Лино Червар го подготвува хрватскиот национален тим за Светското ракометно првенство кое следи на стартот на новата година, но наспроти тоа, во интересното интервју за „24 сата“ говореше и за разновидни теми поврзани со ракометот, како што е и она поврзано за најдобриот играч во историјата на ракометот.

Искусниот Лино речиси цел живот му го посвети на ракометот и во својата блескава селекторска кариера имаше можност да соработува со многу големи имиња, но кога беше запрашан да издвои само еден играч, нагласи дека тоа е невозможно.

– Колку тешко прашање е ова. Ме прашувате да бирам меѓу оние кои ме однесоа мене и Хрватска на тронот, а тоа е огромна величина. Балиќ, Дувњак, Метличиќ, Џомба. Невозможно е да се избере, тоа е мојот став, – изјави Червар кој потоа отиде на светско ниво, при што направи и една чудна паралела со фудбалот со која ни откри дека нема голем респект за Лионел Меси.

– Ако се осврнеме на странските играчи, тогаш сигурно меѓу најголемите е Никола Карабатиќ. Не можам да кажам дека е најголем, но е во кругот на најголемите. Карабатиќ е вистински ас, она што на пример не е Лионел Меси. Меси е само медиумски ас, – порача Червар и се дообјасни.

– На пример, Марадона беше победник, исто како и Кристијано Роналдо, исто како Балиќ и Карабатиќ во ракометот. За мене, Меси не е во ова друштво. Со Барселона прими осум парчиња од Баерн, каде беше на тој натпревар? Мораше да преземе одговорност. Роналдо е победник, а Меси е губитник. Да беше толку голем, ќе ја освоеше светската титула со Аргентина. За мене Роналдо е поголем, секогаш дава голови кога треба, лидер е на теренот, вистински фудбалски ас за разлика од Меси, – заклучува Лино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни