Червар избувна: Никогаш не сум го доживеал ова во мојата земја!

cervar-raka

Хрватска прикажа фантастичен ракомет оваа вечер и сосема заслужено ја победи Норвешка со 32:28, а иако со тоа домаќините на Европското првенство си ги задржаа шансите за пласман во полуфиналето, Лино Червар одлучи да проговори за тоа што го доживеа во изминативе денови.

Червар доби многу навреди во последните неколку денови и обвинувања дека веќе е застарен тип на тренер за овој модерен ракомет, а откако неговата Хрватска се прикажа во најдобро светло во триумфот над силната Норвешка, Лино одлучи да се пожали за третманот кој го добива во својата родна земја.

– Игравме модерно на првите два натпревари на кои не одигравме така добро, но Швеѓаните не фатија на спиење. Никогаш во мојата земја не сум го доживеал ова. Никогаш не сум добил толку навреди како во претходните неколку дена. Тоа ми го прават цела кариера, за жал, кај нас тоа е нормално. Не сум светец, и јас грешам, но треба да се има достоинство. Навистина сум многу чувствителен на навреди. Што се однесува до денешниот меч, игравме еден модерен ракомет, одбраната беше грантина и го направивме најважното. Ја спречивме нивната напаѓачка транзиција. Сите играчи денес беа фантастични, а посебно публиката. Многумина сметаа дека во Загреб нема да имаме поддршка како во Сплит, но јас знаев дека навивачите ќе се вратат, – посочува Лино.

Facebook Коментари