Черишев: Ја остваривме нашата цел, вакво нешто не можев ни да посакам

cheryshev-arabia

Руската „Зборнаја“ со неверојатна игра и „петарда“ во голот на Саудиска Арабија успеа да го отвори овогодинешниот собир на најдобрите фудбалски селекции.

Иако, тимската хемија беше на највисоко ниво, како најдобар поединец на „Лужники“ се издвои крилниот фудбалер кој го носи дресот на Вилјареал, Денис Черишев. Черишев, кој постигна два погодока, натпреварот го започна од клупата и влезе сосема неочекувано во 24. минута кога Алан Џагоев мораше да го напушти теренот поради повреда.

– Никогаш не сум сонувал за вакво нешто. Бев среќен што добив шанса да настапам. Мојот втор гол, потрошивме доста време на тренинзите за тоа. Пробав да бидам напред блиску до Ѕуба, тој ја освои освои топката со глава, а јас само ја шутнав – немав време да размислувам,- изјави Черишев.

Facebook Коментари