Черчесов дециден: Верував во своите играчи

cherchesov

Руската фудбалска репрезентација, како домаќин на овогодинешниот Мундијал, против селекцијата на Саудиска Арабија на Лужники во Москва го отвори најголемиот спортски спектакл со спектакуларна победа од 5-0.

„Зборнајата“ предводена од легендарниот Станислав Черчесов од самиот старт не му остави простор на противникот да направи нешто сериозно. Затоа, Черчесов немаше ни момент кога се „исплаши“ од играта на противничкиот тим.

– Понекогаш навивачите се среќни, понекогаш не. Но, ние сме искрени во она што го правиме. Бев релаксиран пред натпреварот, бидејќи ги познавам моите играчи. Чест е да се работи со нив. Секој тренер зависи од играчите и затоа сум опуштен. Зошто да бидам потресен?- изјави Черчесов.

Русите имаат петдневна пауза до вториот натпревар на овој шампионат, каде во Санкт Петерсбург ке се сретнат со селекцијата на Египет, предводена од „фараонот“ Мохамед Салах. Според Черчесов, се работи за друг стил на игра, но ќе имаат време повеќе од доволно да се подготват за тој дуел.

– Морам да потенцирам дека сме задоволни што тимот ги исполни целите, како играа релаксирано во меч пред кој имаше голем притисок, бидејќи се работање за отворање на првенството. Но, со Египет ќе биде поинаков натпревар, друг град и стадион, мораме посебно да се подготвиме,- додаде рускиот селектор.

Facebook Коментари