Поврзете се со нас

Атлетика

Чептегеи собори светски рекорд стар 16 години (Видео)

Објавено

на

Џошуа Чептегеи направи вистинска сензација на митингот од атлетската Дијамантска лига во Монако и постави нов светски рекорд во дисциплината 5.000 метри.

Атлетичарот од Уганда одамна најавуваше дека е сигурен оти ќе го собори рекордот стар 16 години, а тоа му успеа вечерва и тоа со речиси две секунди подобро време од досегашниот рекорд во дисциплината.

Чептегеи ја истрчал трката на 5.000 метри за 12:35.36 минути, со што го подобро најдоброто светско време кое Кенениса Бекеле го постави во Холандија во 2004 година.

Големиот талент на светската атлетика има само 23 години, а минатата година го освои златниот медал на 10.000 метри на Светското првенство во Доха.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни