Поврзете се со нас

Англија

Челси за „ситно“ ќе го украде талентот на Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона повторно во основа го гради својот тим на играчите од својата школа популарната Ла Масија, па многу играчи во изминатиов период добија шанса да бидат дел од првата екипа, а тој тренд се очекува да биде и под водство на новиот тренер Ханси Флик.

Меѓутоа како што стојат работите каталонците ќе загубат еден од бисерите, фудбалерите кои се појавија на сцената во изминатвата сезона, а тоа е Марк Гију.

Талентираниот напаѓач доби шанса од Чави Ернандес во Ла Лига, ЛШ, Копа Дел Реј поточно сите натпреварувања и притоа даде голови во шампионатот и елитното натпреварување.

Допрва се очекува најдоброто од него со оглед на тоа што има 18 години, ама тоа нема да биде во Барселона затоа што Челси ќе го купи за 6 милиони евра.

Премиерлигашот ќе ја активира откупната клаузула, самиот играч е заинтересиран за проектот на „сините“ што значи дека од кампањата 2024/2025 ќе го гледаме во друга средина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни