Поврзете се со нас

Англија

Челси за пенал уметноста на дербито: Поради ова го нарекуваме „ладен“ Палмер (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Челси направи огромен пресврт во Северен Лондон и се врати дома со големи три бода од дербито против Тотенхем, натпревар кој понуди вистинска голеада и извонредна фудаблска претстава за фановите.

Тотенхем имаше предност од 2:0 по фуриозниот старт и се чинеше дека ќе му нанесе тежок пораз на Челси, но така не мислеа и избраниците на Енцо Мареска, а особено не Кол Палмер.

Најдобриот играч на „сините“ учествуваше во креацијата и создавањето на најзрелите шанси за Челси, а воедно беше и прецизен реализатор на двете најстроги казни.

Палмер максимално ладно ги изведе двата удари од 11 метри, но посебно шмекерски беше оној вториот за предност од 2:4.

Англичанецот за „паненка“ магија го матираше голманот на Тотенхем и практично ја осигура победата за својот тим, па Челси со забавена снимка ја долови пенал уметноста со следните зборови:

– Поради ова го нарекуваме „ладен“ Палмер…..

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни