Поврзете се со нас

Англија

Челси во преговори за нов договор не Менди, голманот разочаран од понудата

Објавено

на

Од редовите на Челси отвориле преговори за продолжување на договорот на голманот, Едуард Менди кој одлично се претстави меѓу стативите по неговиот трансфер од Рен.

Менди беше меѓу најзаслужните што „сините“ стигнаа до титулата во Лигата на шампионите пред две сезони, а и лани играше клучнаулога во тимот на Томас Тухел.

Она што изненадува е што 30 годишниот Менди во моментов е меѓу најслабо платените фудбалери на тимот и зема неделна плата од само 52.000 фунти, за разлика од неговата резерва, Кепа Аризабалага кој зема 150.000 фунти.

Поради добрите настапи, Менди побарал неговата плата да биде доближана до онаа на Кепа, но од клубот му ставиле до знаење дека нема да издвојат толку за неделните примања на голманот.

„Дејли Мејл“ пренесува дека таквиот став на клубот го разочарал голманот кој не планирал да попушти и до крај ќе се борел за поголема плата. Во моментов двете страни биле далеку од договор за продолжување на соработката.

Инаку, Давид Де Хеа кој минатата година бранеше добро, но прими еден куп голови, зема 375.000 фунти неделно, што е повеќе од седум пати поголема плата од таа што ја добива Менди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни