Поврзете се со нас

Англија

Челси во напад на уште едно засилување, Лампард убеден дека ќе го обезбеди неговиот потпис

Објавено

на

Челси во досегашниот дел од преодниот рок донесе седум нови засилувања со кои тимот доби видоизменет состав за новата сезона.

Сепак, вчерашниот натпревар против Кристал Палас покажа дека и покрај големите аквизиции клубот се уште има недостатоци.

Средниот ред не изгледаше баш најдобро, па токму затоа Лампард упатил барање до управата да се тргне по услугите на Деклан Рајс од редовите на Вест Хем.

„Сан“ пишува дека Лампард бил убеден дека Вест Хем ќе го пушти својот заменик капитен за сума од 40 милиони фунти, сума која е многу помала од првично прогнозираната.

Косопственикот на Вест Хем, Дејвид Саливан потврди дека клубот не може да донесе нови играчи затоа што имаат финансиски проблеми, па затоа од Челси се убедени дека ќе го обезбедат потписот на Рајс.

Во досегашниот дел од преодниот рок Челси се засили со Хаким Зијеш, Тимо Вернер, Бен Чилвел, Тијаго Силва, Каи Хаверц, Маланга Сар и Едуард Менди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни