Поврзете се со нас

Англија

Челси тргнува по ангажман на човекот кој е заслужен за „новиот“ Ливерпул

Објавено

на

Новата раководна структура на Челси сериозно размислува да го ангажира човекот кој е меѓу најзаслужните за поновите успеси на тимот на Ливерпул.

Од таборот на Челси се распрашувале за ангажман на Мајкл Едвардс, некогашниот спортски директор на Ливерпул кој во моментов е без работа.

Новиот сопственик на „сините“, Тод Боли сакал да го следи примерот на Ливерпул и да формира тим кој ќе биде константно доминантен во Англија, но и во Европа.

За таа цел се насочил кон ангажман на некогашниот спортски директор на „црвените“, Мајкл Едвардс кој би можел да пристигне во клубот без никакво обесштетување.

Јавноста во Англија шпекулира дека за Едвардс имало интерес и од Манчестер Јунајтед, но во овој момент таков договор е малку веројатен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни