Поврзете се со нас

Англија

Челси со засилувањето од Волвс ќе ја надмине границата од потрошени 200 милиони фунти

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Раководството на Челси го договори и десеттото засилување летово, а со истото веќе ја надмине границата од потрошени 200 милиони фунти во овој преоден рок.

На „Стемфорд Бриџ“ треба да се пресели Педро Нето, за кого Вулверхемптон ќе добие 54 милиони фунти, сума која ќе биде нов трансфер рекорд за излезен трансфер на „волците“.

Португалецот треба уште да ги помине лекарските прегледи пред да биде промовиран во новиот клуб, а дури 51,3 милиони фунти од целосната сума се фиксни, додека останатиот дел ќе се активира преку бонуси.

Првично Челси преговараше за вклучување на Фофана и Чалоба во преговорите со Волвс, но ривалот инсистирал само на класична исплата и успеал да дојде до ваков договор со „сините“.

24-годишниот Нето постигна 14 голови на 135 настапи за Волвс, откако дојде од Лацио во 2019 година.

Челси преговара и за Саму Омородион и Мајк Пендерс и ако ги реализира и овие трансфери, ќе потроши најмалку 240 милиони фунти летово.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни