Конференциска лига
Челси со половина сили го освои Копенхаген (Видео)

Енцо Мареска се уште тактизира во Конференциската лига и го користи ова натпреварување за да им даде шанса на млади играчи од Академијата, но и во таква ситуација, Челси до овој момент е пресилен за конкуренцијата.
Во осминафиналето кое вечерва се играше на „Паркен“, Копенхаген во најголем дел од мечот му парираше на англискиот премиерлигаш, но сепак Челси беше оној кој оствари рутинска победа.
Гостите поведоа со голот на Рис Џејмс на самиот старт на вториот дел, додека по една колективна дефанзивна грешка, гостите зголемија и на 0:2 со погодокот на Енцо Фернандез.
Копенхаген во завршницата се избори за гол преку Переира за 1:2, па со овој резултат Данците сега ќе патуваат во Лондон, каде Челси ќе има улогата на апсолутен фаворит.
Во раниот термин во Конференциската лига, Бетис ремизираше против Виторија Гимараеш со 2:2, Молде ја победи Легија со 3:2, а со истиот резултат Панатинаикос беше подобар од Фиорентина.
Головите од „Паркен“ погледнете ги ТУКА
-
Лига на нации19 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации20 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Репрезентација9 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации19 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации18 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Репрезентација6 часа
ФФМ: Масев е разрешен, случајот го оставаме на органите на државата!