Поврзете се со нас

Англија

Челси со интерес за Матијс Де Лихт

Објавено

на

„Скај Италија“ пренесува дека од таборот на Челси сериозно ја разгледуваат можноста да го ангажираат фудбалерот на Јувентус, Матијс Де Лихт.

Холандскио трепрезентативец има откупна клаузула во договорот со Јувентус вредна 120 милиони евра, сума која е неприфатлива за тимот на Челси.

Де Лихт има уште две години од својот актуелен договор со Јувентус, а наводно клубот од Торино би прифатил да го ослободи играчот од обврските за сума помала од откупната клаузула, но која нема драстично да прави разлика од истата.

Од раководството на Челси се во потрага по нов централен дефанзивец откако Антонио Ридигер и Андреас Кристенсен си заминаа од клубот како слободни агенти.

Се уште примарна трансфер цел на Томас Тухел останува Жулс Кунде од Севилја, но не е исклучена можноста клубот да го засили и Матијс Де Лихт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни