Поврзете се со нас

Англија

Челси со два страшни гола осигура место на „Вембли“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси загуби од Ливерпул во финалето на Карабао Купот, но тимот на Маурисио Покетино е на еден чекор од нов пласман во финалето на „Вембли“, овојпат во ФА Купот.

Лондонските „сините“ се непредвидлив тим и често нудат натпревари кои не се воопшто избалансирани, па така беше и денеска на „Стемфорд Бриџ“ против Лестер.

Челси поведе со 2:0 во првиот дел во кој не реализираше и пенал преку Стерлинг, но погодоците на Кукурелја и Палмер не се покажаа како доволни за победа, бидејќи Дисаси си постигна автогол за 2:1, а потоа Мавидиди погоди изворедно за 2:2 во  62-та минута.

Лестер остана со играч помалку поради исклучувањето на Дојл и во завршните 30 минути имаше целосна иницијатива од домашниот тим, па во судиското продолжение видовме два страшни гола од Чукуемека и Мадуеке за победа од 4:2 и пласман во полуфиналето на „Вембли“.

Од вчера пласман меѓу четирите најдобри обезбедија Ковентри и Манчестер Сити, а последниот патник ќе го дознаеме од дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни