Поврзете се со нас

Англија

Челси сериозно „загриза“ за минатогодишниот помошник на Гвардиола, Лестер дал зелено светло за преговори

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Челси реши да стави крај на соработката со Маурисио Покетино само една година откако назначи како идеален човек за својот проект, па иако тимот се разигра на крајот од сезоната, тоа не се покажа како доволно на Аргентинецот да му биде изгласана доверба од Тод Боли и директорите на клубот.

Соработката меѓу двете страни експресно беше прекината минатата недела и Челси веќе е во потрага на наследник на Покетино, а последните информации кои пристигнуваат од Англија велат дека клубот пикирал еден поранешен помошник на Пеп Гвардиола.

Челси има навистина добра традиција со Италијанците и луѓето од оваа земја се симбол за успех на „Стемфорд Бриџ“, па затоа дел од фановите се и доста импресионирани од изборот на директорите.

Клубот од Северен Лондон добил дозвола од Лестер да преговара со Енцо Мареска и Италијанецот во моментов е кандидат број еден на „лондонските сини“, кои планираат операцијата да ја завршат многу брзо.

Мареска првата вистинска задача како самостоен менаџер ја имаше оваа година и тој успеа да го внесе Лестер во Премиер лигата, но по се изгледа својата премиерна сезона како менаџер во елитата ќе ја има во Челси.

Италијанецот беше дел од стручниот штаб на Пеп Гвардиола и важи за тренер кој негува допадлив фудбал, нешто што можеше да се заклучи и од стилот на игра на Лестер оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни