Англија
Челси се ослободува од едно од летните засилувања

Челси е вистински хит и во јануарскиот преоден рок откако успеа да обезбеди неколку засилувања кои треба да му помогнат на тимот да се врати во врвот на англискиот фудбал.
Новиот сопственик Тод Боли очигледно не жали пари за нови играчи, па досега инвестираше околу 550 милиони фунти за нови аквизиции, кои според досега виденото и не прикажаа баш многу.
Челси купи еден куп играчи, а меѓу нив беше и 20 годишниот Чезаре Касадеи кој на „Стемфорд Бриџ“ пристигна од Интер и кој се очекуваше да добива повремена минутажа во првиот тим.
Малкумина веруваа дека Касадеи ќе се избори за стандардно место во сениорите, но никој не очекуваше дека тој воопшто нема да заигра за првиот тим на Челси со оглед на тоа што веќе влегува во фудбалски години во кои мора да игра сениорски фудбал.
Токму затоа, на барање на играчот, тој ќе биде пуштен во друг клуб во овој преоден рок, но само како отстапен фудбалер.
Се верува дека Касадеи кариерата ќе ја продолжи во Рединг, а договорот треба да биде потпишан во следните 48 часа.
-
Македонијапред 11 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 22 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 20 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 19 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 21 час
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……