Поврзете се со нас

Англија

Челси се ослободи од стоперот кој не доби вистинска прилика на „Стемфорд Бриџ“

Објавено

на

Од редовите на Челси договориле продажба на својот стопер, Маланг Сар кој кариерата ќе ја продолжи во редовите на Монако.

Фудбалерот веќе поминал дел од медицинските прегледи со францускиот тим и се очекува во текот на утрешниот ден да биде комплетиран неговиот премин во Кнежевството.

Челси и Монако се договориле за едногодишна позајмица на Сар со задолжителен откуп на неговиот договор доколку играчот се покаже добро на натпреварите.

Доколку од Монако не сакаат да го откупат, односно доколку не одигра одреден број на натпревари тој ќе биде вратен во Челси.

Инаку, Сар минатата година ја помина во Челси, но забележа само 18 настапи во дресот на „сините“, претежно играјќи во куповите.

23 годишниот стопер во клубот пристигна пред две години од Ница, но не успеа да се наметне во првиот тим на Челси, па сега ќе мора да се докажува во нова средина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни