Поврзете се со нас

Англија

Челси се ослободи од двајца играчи во финишот на зимскиот преоден рок

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Премиерлигашот Челси направи два потези во самата завршница на зимскиот преоден рок, потези со кои се ослободи од двајца играчи.

Клубот од „Стемфорд Бриџ“ одлучи да го испрати напаѓачот Армандо Броја на позајмица во редовите на Фулам. За интернационалецот од Албанија интерес пројавија Вулверхемптон и Милан, меѓутоа беше прифатена понудата од Фулам што значи дека Армандо останува во Лондон.

-Чувството е неверојатно. Навистина сум среќен што сум тука и едвај чекам да започнам, да се запознаам со играчите и менаџерот и да играм за навивачите.

-Навивачите секогаш играат голема улога и едвај чекам да одам на „Крeвин Котиџ“ и да ги запознаам сите. Ќе работам напорно за тимот и ќе создадам вистинска врска. Навистина сум почестен и возбуден што сум овде, -порача Броја кој сезонава на 19 средби за „сините“ даде 2 гола.

Од Челси си замина и талентираниот Андреј Сантос и тоа на позајмица во Стразбур. Тој беше на заем во Нотингем Форест, ама откако не ја доби посакуваната минутажа беше вратен од Челси кој сега го испрати во Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни