Поврзете се со нас

Англија

Челси се одмазди и броеше до шест на „Стемфорд Бриџ“, Покетино ќе биде дел од прво финале како менаџер на „сините“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Маурисио Покетино е свесен дека има уште многу работа во Челси поради лошата динамика во која влезе клубот во последните 18 месеци, но истовремено го испорача првиот добар резултат во едно натпреварување кое носи трофеј.

„Лондонските сини“ ќе се борат за титулата во Карабао Купот, откако вечерва и дефинитивно го заверија пласманот во финалето на „Вембли“ со победата која ја остварија над Мидлзброу.

Тимот на Покетино претрпе болен пораз на гостувањето на првиот меч и загуби 1:0, но денеска до врв ја наполни мрежата на тимот на Мајкл Керик и се пласираше во финалето.

Челси го реши прашањето околу победата уште во првото полувреме во кое постигна четири гола, а во кое видовме дури четири различни стрелци.

Всушност, првиот погодок беше автогол на Хосон, по што мрежата на гостите ја погодија и Фернандес, Дисаси и Палмер. Во вториот дел, Палмер со вториот гол зголеми на 5:0, а шестиот гол беше дело на Мадуеке. Мидлзброу во самиот финиш се избори за почесен гол, откако Роџерс успеа да ја затресе мрежата на Петровиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни