Поврзете се со нас

Англија

Челси сака да го доведе фудбалерот кој го прогласи за неталентиран пред седум години

Објавено

на

Европскиот шампион Челси се обидува дополнително да ја засили екипата за новата сезона, а раководството на клубот сега е фокусирано кон трансферот на Деклан Рајс.

Англискиот репрезентативец имаше одличен настап на Европското првенство, па сега е атрактивен за сите поголеми клубови, а Челси ќе се обиде да го добие со размена.

Идејата на лондонскиот клуб е да му го понуди на Вест Хем, Тами Ејбрахам, а дополнително и да му доплати одредена сума на градскиот ривал.

Ејбрахам нема иднина во Челси додека менаџер е Томас Тухел, а во Вест Хем би добил солидна минутажа, притоа намалувајќи ја трансфер сумата која и во овој случај нема да биде ниска бидејќи Рајс си ја зглеми цената со настапот на ЕП.

Интересно, Рајс бил дел од младинската академија на Челси, но на 14-годишна возраст бил прогласен за ненадежен и заминал од таборот на „сините“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни