Поврзете се со нас

Англија

Челси рутински до бодовите против фенерџијата Саутемптон (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/ChelseaFC

Челси уште по првото полувреме си обезбеди сигурна победа над Саутемптон и не дозволи грешка против најслабиот тим сезонава во англиската Премиер лига.

Тимот на Енцо Мареска не смееше да погреши пред своите фанови, кои вечерва реализираа и протести против актуелните сопственици на клубот, а Нкунку, Нето и Колвил реализираа по еднаш за висока предност до паузата.

Во вториот дел Кукурелја ги постави конечните 4:0, со што барем привремено Челси се најде на посакувана позиција на табелата.

Челси во моментов има два бода повеќе од Манчестер Сити и Њукасл, кои утре ги играат своите натпревари и ако не победат овие два тима ќе остане на четвртото место до следното коло.

Головите можете да ги видите ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни