Англија
Челси продаде „заборавено“ засилување за 19 милиони фунти
Раководството на Челси изминатиот период ангажираше толку многу фудбалери, што сега има проблем да најде клубови за прекубројните играчи, а ретки се и фановите кои можат да ги запаметат сите засилувања кои беа објавени, а во одреден момент испратени и на заем во други клубови.
Таков е случајот и со Анхело Габриел, крилниот напаѓач кој денеска е актуелен поради тоа што Челси го продаде во Ал Наср за солидна сума од 19,1 милиони фунти.
Бразилецот не одигра ниту еден натпревар за Челси, а минатата сезона ја помина на заем во редовите на сестринскиот клуб Стразбур.
Минатото лето, Челси плати 13 милиони за трансферот на Анхело од Сантош, но тој без никаква шанса да го носи дресот на премиерлигашот, сега е испратен во Саудиска Арабија и ќе му биде нов соиграч на Кристијано Роналдо.
Габриел се истакна во октомври 2020 година, кога со 15 години и 308 дена стана најмлад дебитант во бразилското првенство, со настапот на дуелот меѓу Сантош и Флуминенсе.
-
Светпред 19 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
Светпред 22 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
АТПпред 16 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…
-
Светпред 23 часа
Кимих: Не ми се допаѓа новото правило, судиите се премногу чувствителни
-
Светпред 15 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
АТПпред 21 час
Вавринка го состави идеалниот тенисер, Федерер и Ѓоковиќ пред Надал (ВИДЕО)
-
Мото ГПпред 13 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!