Поврзете се со нас

Англија

Челси пред сериозна дилема: Да плати историска казна, или да го испочитува договорот со Јунајтед

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Џејдон Санчо почна импресивно на стартот на сезоната во Челси и потсети на најдобрите денови од Борусија Дортмунд, но како што одминува времето, крилниот напаѓач бележи се полоши партии и влезе во фаза во која многу потсеќа на најлошата верзија од Манчестер Јунајтед.

Санчо во последно време честопати се наоѓа на удар во јавноста од легенди на клубот од Лондон, а таквата атмосфера прави се уште поглем притисок врз клубот, кој сега е во сериозна дилема што да прави со некогашниот англиски репрезентативец.

Џејдон нема забележано гол и асистенција од 4-ти јануари оваа година, па така постот кој трае речиси три месеци не влијае позитивно и врз размислувањата на раководните луѓе, кои многу брзо ќе мора да пресечат и да донесат одлука.

Според договорот постигнат со Манчестер Јунајтед, Челси треба да му исплати 25 милиони фунти на Манчестер Јунајтед за перманентен трансфер на крилниот напаѓач, но во овој период, се разгледува и опцијата која е доста непопуларна и која може сериозно да влијае психолошки врз фудбалерот.

Во целата ситуација, постои опција Челси да го врати Санчо во Манчестер Јунајтед, но доколку се одлучи за тоа, прифаќа да исплати историска казна вредна 5 милиони фунти како резултат на прекршениот договор.

Овој случај прави да се зголеми притисокот врз фудбалерот кој и онака нема голема самодоверба во последно време, па Џејдон најверојатно ќе се бори за својот статус во Челси во завршните два месеци од сезоната.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни