Поврзете се со нас

Англија

Челси повторно пазареше во Брајтон и „украде“ 11-ти член на „галебите“ (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси доби целосно нова структура со Тод Боли и комплетно го промени директорскиот тим, но реконструкцијата не застанува и клубот од Лондон денеска „украде“ уште еден член на Брајтон.

„Сините“ се навикнаа да добиваат играчи и директори од овој премиерлигашки ривал во последните неколку години, па Сем Џуел е 11-от член на Брјатон кој преминува на „Стемфорд Бриџ“.

Станува збор за извонреден скаут и човек кој беше задолжен за регрутирање на играчи во првиот тим на Брајтон, но тој сега реши да го следи примерот на Паул Винстанли кој исто така се пресели од Брајтон во Челси.

Брајтон како клуб самиот потврди дека Џуел ја прифатил понудата од Челси и дека си договорил нов спортски проект, па „галебите“ сега ќе мора да бараат замена за него.

Џуел само ја надополни низата членови на Брајтон кои решија да му се прикучат на проектот на Тод Боли, бидјеќи претходно тоа го направија и Грем Потер, Били Рид, Бјорн Хамберг, Бруно Салтор, Бен Робертс, Кајл МекКоли, Паул Винстанли, Роберт Санчес, Марк Кукурелја и Моисес Каиседо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни