Поврзете се со нас

Англија

Челси постигнал договор со бразилски репрезентативец, Тухел добива супер засилување

Објавено

на

Од таборот на Челси постигнале целосен договор со Лидс Јунајтед за трансферот на бразилскиот репрезентативец Рафиња.

Фабрицио  Романо пренесува дека Лидс се согласил да ја прифати понудата на Челси во висина од 65 милиони фунти во која биле вклучени и дополнителни бонуси.

Сега за реализација на трансферот треба само Рафиња да ги договори личните примања со тимот на Челси и да биде комплетирана одличната зделка на „сините“.

Инаку, Арсенал беше тимот кој досега најмногу притискаше за бразилскиот репрезентативец, меѓутоа „топчиите“ не ги исполнија барањата на Лидс, па сега ќе останат без услугите на крилниот фудбалер.

Од Челси по ангажманот на Рафиња ќе сторат напори да го ангажираат и Рахим Стерлинг за кого во следниот период ќе испратат и официјална понуда до Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни