Поврзете се со нас

Англија

Челси подготвува „шокантен“ потег и ќе го доведе Мегваер во Лондон

Објавено

на

Хари Мегваер може да го загуби статусот на првотимец на Манчестер Јунајтед веќе на дуелот со Ливерпул, а тоа може да оди во прилог на најавениот трансфер во Челси.

„Дејли Мејл“ вечерва излезе со информација дека Томас Тухел и неговите соработници сериозно размислуваат на Мегваер, посебно ако уште некој ден не биде реализиран трансферот на Весли Фофана од Лестер.

Во ситуација кога Јунајтед побара заем на Кристијан Пулишиќ, Челси сака да го добие Мегваер во спротивна насока.

Дефанзивецот сака сигурна минутажа поради претстојното СП во Катар, а медиумите тврдат дека Ерик тен Хаг има повеќе доверба во тандемот Варан-Мартинез.

Медиумот тврди дека информацијата е веродостојна, а веќе експресно предизвика големо внимание, посебно кај фановите на Јунајтед, кои благо речено не се задоволни од настапите на капитенот.

Пулишиќ исто така не е во прв план во Челси и би добил нова шанса за докажување, овој пат на „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни