Поврзете се со нас

Англија

Челси подготвен на радикален чекор во врска со Канте и неговиот страв за тренирање во овој период

Објавено

на

Англиските медиуми пренесуваат дека од редовите на Челси се подготвени на радикален чекор поврзан со Нголо Канте во пресрет на продолжувањето на сезоната.

Имено, вчера излегоа информации дека Канте не сакал да ги продолжи тренинзите затоа што стравувал за своето здравје, а со самото тоа и за здравјето на неговите блиски.

Играчот од средниот ред бил во тренинг центарот на Челси во средата каде бил и на тестирање, но во овој момент се наоѓа во неговиот дом каде чека да се одлучи што ќе биде со него.

Французинот има претходни здравствени проблеми, а пред одреден период го загуби и својот брат кој почина од срцев удар, па токму затоа кај него владее голема паника која била предизвикана од коронавирусот.

Од „Сан“ пренесуваат дека во Челси одлучиле да му дозволат на Канте тој да остане понастрана од тимот додека не одлучи дека е безбедно да се врати на тренинзите.

Наводно, Френк Лампард ја разбрал целата ситуација околу играчот и му ја дал целосната поддршка, а клубот е подготвен и на радикален чекор, односно да го ослободи Канте од обврските до крајот на сезоната и повеќе да не смета на него во преостанатите натпревари од Премиер лигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни