Поврзете се со нас

Англија

Челси плати 30 милиони фунти за четвртото летно засилување (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Екипата на Челси продолжува да биде активна на трансфер пазарот каде обезбеди уште едно засилување, освежување на средината на теренот.

Нов членот на клубот од западен Лондон е 25-годишниот Кирнан Дјузбери Хол кој досега го носеше дресот на Лестер Сити. „Сините“ се решија да му ја исполнат желбата на новиот менаџер Енцо Мареска кого добро го познава Дјузбери Хол кој минатата сезона даде 12 голови и 12 асистенции на 44 лигашки натпревари, поточно беше меѓу најзаслужните за кам-бекот на „лисиците“ во Премиер лигата.

-Неверојатно е да се седи овде како играч на Челси. Ова е клуб со кој луѓето пораснаа гледајќи го и со надеж дека еден ден ќе играат, па затоа е привилегија да се биде овде. Навистина сум возбуден што ќе започнам и едвај чекам да им покажам на сите што можам да направам, -порача Дјузбери Хол за кого беа платеми 30 милиони фунти.

Претходно Челси ги ангажираше Адарабијо, Келиман и напаѓачот Гију.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни