Поврзете се со нас

Англија

Челси плати 19 милиони фунти за англиски талент (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/FabrizioRomano

Англискиот фудбалски прволигаш Челси официјално комплетираше уште една операција или поточно го потврди третото засилување.

Нов член на клубот од западен Лондон е талентираниот Омари Келиман. Келиман има само 18 години и може да покрие повеќе позиции во офанзивата.

Тој во Челси доаѓа од Астон Вила која за него ќе заработи 19 милиони фунти.

-Фантастично е да се стои овде како играч на Челси. Ова е огромен клуб со неверојатна историја, па затоа е одлично да им се приклучите. Ова е остварување на сонот. Се радувам што го облеков овој дрес и едвај чекам да започнам, -порача Омари кој во ПЛ има одиграно само два натпревари.

„Сините“ претходно ги обезбедија потписите на Тосин Адарабијо и Естевао Вилијан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни