Поврзете се со нас

Англија

Челси никако да го убеди Лион да им го врати Емерсон, клубот од Лондон отповика друг фудбалер од позајмица

Објавено

на

Од таборот на Челси никако не можат да го убедат францускиот клуб, Олимпик Лион да им го врати Емерсон Палмиери.

Томас Тухел се соочува со сериозни роблеми затоа што во моментов го има само Маркос Алонсо на левата бековска позиција, додека пак Бен Чилвел ќе отсуствува од терените до крајот на сезоната поради сериозна повреда.

Челси одби да го ангажира Лука Дињ бидејќи во тимот веќе има тројца леви бека, од кои едниот е Емерсон Палмиери кој во моментов е на заем во Олимпик Лион.

Стратегот на Лион, Питер Бош потврди дека тие не планираат да го вратат фудбалерот на „Стемфорд Бриџ“ и покрај компензацијата од пет милиони фунти која им ја нуди Челси.

– Ќе го задржиме Емерсон до крајот на сезоната, -кратко одговори Питер Бош ставајќи крај на сите надежи на Челси да си го врати играчот.

Од друга страна, Челси во своите редови го врати Кенеди кој досега беше на позајмица во Фламенго. Тухел не потврди дали бразилскиот фудбалер ќе  биде резервната опција на левата бековска позиција во останатиот дел од сезоната иако постојат сериозни можности тоа и да се случи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни