Поврзете се со нас

Англија

Челси нема повеќе да се расфрла со пари: Наредниот преоден рок ќе биде различен!

Објавено

на

Премиерлигашот Челси беше супер активен во јануарскиот преоден рок со што беше еден вид на продолжение на тоа што започна минатото лето кога клубот доби нови сопственици на цело со Тод Боли.

Во овие два трансфер преодни рока „сините“ потрошија неверојатни 600 милиони фунти за 14 играчи со што едноставно „грмеа“ на пазарот, а во исто време и ги фрустрираа клубовите кои немаа ваква куповна моќ. Меѓутоа „сините“ не можат да продолжат во ваков стил, мора да се почитуваа одредени правила околу финансискиот фер плеј и тоа добро го знае менаџерот Грем Потер кој најави друго однесување на Челси во наредниот период кога се во прашање трансфер „прозорците“.

-Не мислам дека трошењето ќе продолжи на ваков начин. Имаше регенерација [на тимот] и мислам дека мора да го кажеме следниот „прозорец“ и наредниот потоа ќе бидат различни, тоа е сигурно, -рече Потер кој застана во одбрана на политиката на клубот.

-Можам да ја разберам перспективата. Не се согласувам со тоа, но го разбирам. Мислам дека она што се обидовме да го направиме е да бидеме креативни. Се обидовме да инвестираме во сега и иднината. Ние сме во позиција каде што сакаме да продолжиме да се подобруваме. Тоа е амбиција на клубот, -порача предводникот на составот од „Стемфорд Бриџ“.

Челси денеска е домаќин на Фулам во дуелот од ПЛ кој е закажан за 21 часот.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни