Поврзете се со нас

Англија

Челси не погреши против аутсајдерот Вотфорд (Видео)

Објавено

на

Челси ја потврди улогата на фаворит на дуелот со Вотфорд од Премиер лигата и оствари убедлива победа со резултат 3:0 против една од послабите екипи сезонава во англиското првенство.

Избраниците на Френ Лампард имаа императив да ги освојат бодовите со оглед на комплицираната ситуација во битката за место во Лигата на шампионите, а менаџерот на Челси може да биде задоволен од прикажаното на „Стемфорд Бриџ“.

Резултатот го отвори Жиру, кој на најдобар начин ја искористи шансата како стартер на овој дуел, а својата одлична серија ја продолжи Вилијан кој реализираше од пенал на оваа средба, зголемувајќи на 2:0.

Домаќините доминираа и во завршницата, па во последните минути Баркли ги постави конечните 3:0 со убав удар под гредата.

Со оваа победа, лондонскиот клуб се враќа на четвртото место, со два бода повеќе од Манчестер Јунајтед, додека Вотфорд не успеа да освои барем бод во тешката борба за опстанок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни