Англија
Челси најде клуб за Кепа, пропадна заемот на Рамздејл во премиерлигашки ривал
Челси и Арсенал имаат вишок квалитетен голман во овој преоден рок, а се чини дека „топчиите“ и натаму ќе треба да бараат соодветно решение за својот проблем.
Арсенал беше во финални преговори со Вулверхемптон за заем на Арон Рамздејл, но трансферот пропаднал во последен момент и тоа поради несогласувања околу важен детаљ.
„Волците“ првично се согласиле на клаузула според која би го откупиле договорот на Рамздејл за 20 милиони фунти, но подоцна решиле дека не можат да си ја дозволат таа сума, па се повлекле од идејата да се засилат на голманската позиција со англискиот репрезентативец.
Челси нема вакви проблеми и ќе го испрати Кепа Аризабалага во редовите на Борнмут, екипа која интензивно бараше решение за голманската позиција во овој преоден рок.
Шпанецот истовремено го продолжил договорот со Челси до 2026 година, а со заемот во Борнмут ќе го намали бројот на играчи кои не се во плановите на менаџерот Енцо Мареска, а се на платниот список на лондонските „сини“.
-
Италијапред 15 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Формула 1пред 13 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Италијапред 18 часа
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Германијапред 13 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Англијапред 17 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Шпанијапред 18 часа
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Шпанијапред 14 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија
-
Шпанијапред 16 часа
Тебас за конфликтот со Флорентино: Бевме во добри односи се до еден момент