Поврзете се со нас

Англија

Челси на крајот ќе извиси: Еден од најдобрите играчи на „сините“ оди во Реал Мадрид или Баерн Минхен

Објавено

на

Веќе неколку месеци актуелна е темата околу иднината на еден од најдобрите фудбалери на Челси по доаѓањето на клупата на Томас Тухел, Антонио Ридигер.

Германскиот стопер се препороди под водство на неговиот сонародник и сега е незаменлива алка во дефанзивата на Челси.

Со своите игри, Ридигер го привлече вниманието на најдобрите европски екипи, а според медиумите во моментов за него интерес има од Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Наводно, братот на Ридигер и негов агент веќе стапил во контакт со члениците на Реал Мадрид, а одблиску работата ја следи и Баерн Минхен од каде исто така се во комуникација со претставниците на играчот.

И од Челси му испратиле понуда за продолжување на соработката, но според последните најави, таа е далеку помала од тоа што го нуди Баерн Минхен и пред се, Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни