Поврзете се со нас

Англија

Челси му се реваншираше на Лестер и се стави во поволна позиција за пласман во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Челси славеше над Лестер со 2-1 во дербито на вечерта на средбите од 37.рунда во Премиер лига.

Со овој триумф „сините“ му се реваншираа на Лестер за поразот во финалето на ФА Купот, односно го минаа на прволигашката табела и го ставија во незгодна позиција кога се во прашање местата за Лигата на шампионите особено ако утре Ливерпул го потврди статусот на фаворит против Барнли.

Челси беше надмоќен во првото полувреме, ама таа иницијатива не ја круниса. На стартот на вториот дел стоперот Ридигер погоди за водство од 1-0 за да потоа Жоржињо од пенал погоди и за 2-0.

„Лисиците“ се вратија во игра преку Ихеначо во 76 за да потоа притиснат за реми, а најголемата шанса за тоа ја протпушти Перез во судиското продолжение.

Четата на Тухел има 67 бода и е на третото место, Лестер има 66 на четвртата позиција, додека Ливерпул е петти со 63 и со натпревар помалку во однос на ривалите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни