Поврзете се со нас

Англија

Челси „мерка“ две тренерски имиња како замена за Покетино

Објавено

на

Челси потроши огромна сума на пари во изминативе години или поточно откако си замина претходниот сопственик Роман Абрамович, меѓутоа тие вложувања не донесоа резултат, екипата не е конкурентна за врвот во англискиот фудбал, а во актуелнава сезона не игра ниту во Европа.

Маурисио Покетино во својата прва година на „Стемфорд Бриџ“ се соочи со доста предизвици, односно и тој не успева да го извлече најдоброто, посакуваното од скапо платените играчи. „Сините“ се во вториот дел на табелата во ПЛ, се лизнаа на последната пречка во Лига Купот, па сега единствената шанса за трофеј е ФА Купот, натпреварување кое може да ја одлучи судбината на Аргентинецот затоа што според информациите управата веќе размислува за негова замена, поточно се идентификувани две имиња како потенцијални наследници.

Според „Гардијан“ се работи за Рубен Аморим од Спортинг Лисабон и Роберто Де Ѕерби од Брајтон. Аморим веќе неколку години одлично го води Спортинг, освојува титули во конкуренција на Порто и Бенфика и се чини прашање е на време кога ќе се пресели во некој клуб од Топ 5 лигите на стартиот континент.

Де Ѕерби е исто интересен за Тод Боли и соработниците, тој успева со својот систем на работа да се наметне, да го извади најдоброто од Брајтон и е на агендата на некогашниот англиски шампион.

Маурисио има договор со Челси до 30 јуни 2025 година, но останува отворено прашањето дали ќе добие шанса истиот да го одработи до крај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни