Поврзете се со нас

Англија

Челси конечно ќе се „ослободи“ барем од еден фудбалер

Објавено

на

foto: x.com/ChelseaFC

Раководството на Челси изминатите неколку преодни рока ангажираше толку многу фудбалери, што навистина предизвика конфузија и кај фановите, кои не можат да ја разберат стратегијата во која многу играчи се надвор од составот, а заработуваат сериозни суми.

И летово лондонскиот клуб веќе ангажираше десетина нови имиња, а се чини дека конечно ќе може да официјализира барем еден излезен трансфер, иако и тој првично е заем.

Се работи за напаѓачот Армандо Броја, кој ја прифатил понудата на новиот премиерлигаш Ипсвич, клуб кој по крајот на сезоната може да го откупи неговиот договор.

Ипсвич вметнал клаузула во договорот според која ќе плати 30 милиони фунти за Броја, но само во случај ако обезбеди опстанок во Премиер лигата.

Албанскиот интернационалец потекнува од младинската академија на Челси, а со сениорскиот тим потпиша договор во 2020 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни