Поврзете се со нас

Англија

Челси ќе го елиминира Галахер од првиот тим и влегува во отворен конфликт со фудбалерот

Објавено

на

foto:twitter.com/ChelseaFC

Кевин Галахер во понеделник се враќа на тренинзите на својот актуелен клуб Челси, но премиерлигашот веќе му најавил дека нема да биде дел од проектот на првиот тим предводен од Енцо Мареска.

Фудбалерот кој имаше многу важна улога под водство на Маурисио Покетино е во незгодна ситуација, бидејќи клубот инсистира да заработи од неговиот трансфер една година пред да му истече договорот, а истовремено не ја добива соодветната понуда ни за останување во Челси.

Атлетико Мадрид испратил конкретна понуда вредна нешто помалку од 40 милиони евра за повремениот англиски репрезентативец, но Галахер не е убеден дека треба да се пресели во Шпанија, па со одбивањето на предлогот предизвикал лутина кај раководството на Челси.

Од друга страна, премиерлигашот му понудил само двегодишен договор, што предизвикало револт со оглед на фактот што Челси изминатиов период потпишуваше договори подолги и од пет години со дел од фудбалерите кои се на слична возраст со Галахер.

Двете страни влегуваат во отворен конфликт кој ги разочара и фановите со оглед на фактот што Галахер потекнува од младинската академија, а Челси по секоја цена сака да заработи од него и поради проблемите со финансискиот фер плеј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни