Поврзете се со нас

Англија

Челси ќе ангажира двајца стопери во летниот преоден рок

Објавено

на

Од таборот на Челси и дефинитивно размислуваат да ангажираат двајца стопери во летниот преоден рок.

Клубот остана без Антонио Ридигер кој беше незаменлива карика во тимот на Томас Тухел, а редовите ги напушти и Андреас Кристенсен кој кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

Сега „сините“ откако ја решија сопственичката структура ќе тргнат по ангажман на играчи од оваа позиција со што би се пополниле дупките кои настанаа со заминувањето на стоперскиот двоец.

Прво име на списокот желби кај Челси е Жулс Кунде од Севилја и се очекува овој трансфер да биде реализира во многу скоро време. Освен Кунде, Челси се интересира и за Лисандро Мартинез од Ајакс, како и Пау Торес од Вилјареал.

Интересно е тоа што клубот ќе продаде уште еден стопер во следните денови.

Младиот Леви Ковил пред кого се предвидува богата кариера би можел да продолжи во редовите на Лестер Сити, клуб кој сериозно притиснал за ангажман на младиот играч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни