Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Челси ја наполни мрежата на Јувентус, Барселона го задржа второто место во групата (Видео)

Објавено

на

Челси издоминира на дербито со Јувентус (4:0) и ја презема предноста во групата во која двете екипи се натпреваруваат во Лигата на шампионите.

Чалоба го отвори резултатот во 25. минута, а Мората ја имаше единствената сериозна шанса за гостите во првото полувреме, но Тиаго Силва исфрли во последен момент и спречи израмнување.

Во продолжението актуелниот европски првак продолжи да го контролира натпреварот, а преку Џејмс и Хадсон-Одои во 56 и 58. минута ја најави убедливата победа. Точка на средбата стави Вернер во судиското продолжение за конечни 4:0.

Доколку Челси победи во последното коло против Зенит, ќе го освои првото место во групата Х.

Барселона одигра 0:0 против Бенфика и го задржа второто место во пресрет на последното коло, додека најмногу возбудувања имаше на дуелот Јанг Бојс-Аталанта кој заврши со резултат 3:3.

На другите средби:
Лил-Салцбург 1:0
Малме-Зенит 1:1
Севилја-Волфзбург 2:0

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни