Поврзете се со нас

Англија

Челси ја доби битката за вундеркинд, Бразилците најавуваат спектакуларен фудбалер

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Palmeiras

Палмеираш изминатава година беше актуелен во европските медиуми поради трансферот на Ендрик во Реал Мадрид, но деновиве во прв план е постигнатиот договор со Челси за трансфер на голем фудбалски вундеркинд.

Бразилските медиуми делат неверојатни комплименти за 17-годишниот Естевао и му предвидуваат блескава фудбалска иднина, а негов следен клуб ќе биде Челси и тоа по Светското клупско првенство кое ќе се одржи следното лето.

Најавите се дека Челси ќе плати над 50 милиони фунти за потписот на Естевао, сума која очигледно Палмеираш не можел да ја одбие и оди во насока на планираната заработка од неколкуте големи таленти во своите редови, меѓу кои е и Ендрик, кој пак веќе летово ќе се пресели во Мадрид.

– Ова момче е поразлично од се што сум видел досега, – изјавил тренерот Абел Фереира пред неколку месеци по одличните партии на Естевао во Либертадорес купот и шоуто кое го приредил на теренот.

– Естевао е најдобриот фудбалер кој се појавил во Бразил уште од Нејмар. Го гледаш и се заљубуваш во неговата игра, – истакнал Хозе Сампајо, првиот човек на младинската академија на Палмеираш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни