Поврзете се со нас

Англија

Челси издоминира на „Енфилд“ и стигна до победа над Ливерпул (Видео)

Објавено

на

Челси ја продолжи серијата без пораз откако во клубот дојде Томас Тухел, а вечерва стигна и до многу слатка победа (0:1) против Ливерпул на „Енфилд“.

Победникот беше решен со гол од првото полувреме, но Челси доминираше цел натпревар, целосно го неутрализираше Ливерпул и заслужено ги освои бодовите.

Најпрвин беше поништен голот на Вернер, откако ВАР мереше сантиметри и на крајот пресече дека имало офсајд во акцијата на гостите, но во 42. минута Маунт сам се погрижи да го совлада Алисон без можност за ВАР интервенција.

Челси диктираше темпо и во вториот дел, обидите на Ливерпул беа јалови, а гостите знаеја како да ја задржат позитивата на дербито за конечни 0:1.

Поразот за Ливерпул доаѓа откако накратко беше прекината лошата негативна серија, а со овие три бода Челси сега има четири повеќе од актуелниот првак и тоа на четвртото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни